Членовите на Здружението за односи со јавност на Македонија (ЗОЈМ) ќе го одржат своето редовно годишно Собрание.
Седницата е закажаната оваа сабота (01.03.2014) во просториите на Стопанската комора на РМ со почеток во 13,00 часот.
Покрај другите документи предвидени со Статутот на ЗОЈМ, се очекува членовите да ги разгледаат и усвојат: Програмата за работа на здружението во 2014-та година и Етичкиот кодекс, а предвидено е и да се дискутира и по бројни тековни прашања.
Истиот ден, со почеток во 10:30 часот, Здружението организира јавна трибина на тема: „Професионалните стандарди како предизвик во односите со јавноста“, на којашто гостин – воведничар ќе биде Борис Бекер, PR практичар од Австрија.