Неколку агенции од Publicis Groupe во Италија започнаа нова кампања за Киндер, со што овој бренд за прв пат на глобално ниво го лансираше својот нов слоган, „A little, a lot“.
“A little, a lot” претставува синтеза на новата стратегија на брендот, која има за цел да го направи брендот и неговите производи порелевантни за родителите на милениумската генерација.
Во срцето на новата комуникациска кампања е едноминутно видео кое ќе се емитува во неколку земји низ светот. Тоа е вистински манифест во кој брендот се залага за љубовта кон оние мали моменти, убави или не толку убави, навидум безначајни, кои го дефинираат односот помеѓу родителите и децата.
https://www.youtube.com/watch?v=Y7WHyNMNKqQ
Кампањата, која, покрај едноминутното видео, ќе има пократки видео формати, содржнии и елементи за дигиталните и социјалните канали. Првите земји во кои кампањата ќе биде прикажана онлајн се Франција, Русија, Германија и Италија. Во Италија, кампањата започна на 20 јануари.
Филмот беше креиран од креативниот тим на Публицис под раководство на Давид Боскачиа, а продуциран од продукциската куќа Filmmaster Productions, во режија на Винсент Хајкок.