Сојузот на стопански комори заедно со маркетинг агенцијата Goclick и Google на 11 март 2014 година во Конгресен центар Ера – Скопски Саем, со почеток во 10:00 часот,организираат втора Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија.
На конференцијата ќе предаваат г-дин Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic и г-дин Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија, а со премиерно предавање во Македонија ќе се претстави и г-дин Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google, Даблин.
Конференцијата е наменета за сите компании на македонскиот пазар, особено за извозно ориентираните. Учеството е бесплатно, можност за присуство имаат над 100 компани членови на Сојузот на стопански комори.
Тема на настанот е „Моќта на современиот маркетинг“, а подтеми се: „Можностите итрендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант“, „Adwords решенија и успешни приказни“, „Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот“.
Настанот е поделен во два дела
1. Конференција
– со цел менаџментот на компаниите да се запознае со потенцијалот и можностите кои интернетот ги нуди за похрабро и поефективно пристапување на домашните и странски пазари
2. Работилница (workshop)
– со цел оперативното ниво во компаниите да се запознае со можностите кои интернетот ги нуди во сферата на маркетингот, со поголем акцент на Google и Facebook
Сите заинтересирани за учество, да ги контактираат Оливера Костовска на olivera.kostovska@sojuzkomori.
org.mk ,моб: 076/298 197 или Марија Кимовска на marija.kimovska@sojuzkomori. org.mk ,моб: 075/254 082