Радојка Бошковиќ е унапредена на позицијата Client Service Director во агенцијата McCann Белград. За време на нејзината 10-годишна кариера во адвертајзинг индустријата, Радојка се стекна со знаења од различни категории од FMCG, телекомуникациите, до банкарскиот сектор и продажбата.
“По многу успешната 2018 година, а имајќи го во предвид понатамошниот развој на агенцијата и подобрувањето на услугите кои водат кон создавање на силни врски помеѓу брендовите со кои соработуваме и нивните потрошувачи, одлучивме да ја подобриме нашата организациска структура. Радојка е важен дел од нашето семејство и секојдневно придонесува за градење на синергии помеѓу клиентите и агенциските тимови, кои се посветени на креирање на ефективни комуникации и постигнување на добри деловни резултати”, изјави Јелена Јажиќ, директор на агенцијата McCann Белград.
Пред да се приклучи на McCann Белград, Радојка работеше во агенциите LPT и Saatchi & Saatchi, како и во компанијата Microsoft Software.