Извештајот претставува нова ранг листа на најуспешните кампањи по бизнис сектори
AdForum, организација која обезбедува глобални согледувања за огласувачката индустрија, ја претстави втората годишна ранг-листа на најуспешните креативни кампањи по бизнис сектори.
AdForum Business Creative Report се разликува од останатите рангирања по тоа што ги претставува најуспешните кампањи и агенции во седум специфични сектори, врз основа на постигнатите резултати во голем број натпреварувања со кои AdForum има партнерство, вклучувајќи ги Cannes, D&AD, the Clios, the One Show, the LIA, the Epica Awards, Eurobest, Adfest, Dubai Lynx, New York Festivals, the FAB Awards, the World Luxury Award, Andy Awards и многу други.
На кратко, севкупните резултати се собираат од ефектите на секоја од кампањите на речиси сите престижни фестивали од целиот свет, што уште повеќе ја нагласува нивната исклучителна креативност.
Најуспешните на годинешната листа се: JvM Spree (Германија) во автомобилската индустрија; McCann Њујорк во финансии; DDB Чикаго во индустријата за храна и пијалаци; AMV BBDO (Велика Британија) во здравство и убавина; BETC Париз во индустријата на луксузни и премиум производи; Marcel (Франција) во трговијата на мало и Jung Von Matt (Германија) во секторот за транспорт и туризам.
Извршниот директор на AdForum, Филип Пејџт, по овај повод изјави: “Колку што знаеме, ова е прва глобална ранг листа која овозможува увид во најуспешните кампањи за поединечни сегменти од пазарот. Веруваме дека издвојувањето на најуспешните кампањи обезбедува значајни бенефиции за маркетинг менаџерите, маркетинг агенциите и консултантите.”
Тој додаде дека во натамошните извештаи може да се додадат и други пазарни сегменти.
Проверете ја целата листа тука!