Неколку недели откако стана најпопуларна фотографија на Инстаграм, јајцето кое ја победи Кајли Џенер и го надмина рекордот на Инстаграм, сега испрати важна порака за менталното здравје.
На телевизискиот канал “Hulu”, се појави едноминутна реклама со јајцето која испраќа силна и креативна порака за менталното здравје и ја нагласува важноста од барањето помош кога ќе поминете низ тежок период, објави ABC News.
Во видеото јајцето вели: “Почнувам да пукам поради притисокот на социјалните медиуми.”
Видеото заврши со линк до Mental Health America, непрофитна организација посветена на помагање на луѓето кои се борат со ментални болести.
https://www.instagram.com/p/BtdYQwincYv/
Оригиналната слика на јајцето беше објавена на Инстаграм на 5 јануари, повикувајќи ги на корисниците заедно да постават светски рекорд и да го соборат рекордот на тогаш водечката фотографија на Кајли Џенер со новороденото бебе. За само 10 дена, јајцето постави нов рекорд од 23 милиони лајкови, а моментално има 52 милиони лајкови.
Зад инстаграм профилот на јајцето наводно стои Крис Годфри, кој работи за рекламната агенција The&Partnership во Лондон.
Секако, целата приказна за јајцето е одличен маркетинг потег, а најпопуларниот пост на Инстаграм е искористен за да се потенцира важноста на нешто што е сè уште табу тема –грижата за менталното здравје.

















