Извор: Epica Awards
Пишува: Mark Tungate, Editorial Director, Epica Awards
Ако мислите дека луѓето не се поврзани со познатите брендови, само погледнете што се случува кога некои од нив го менуваат своето лого. Zara го помина ова искуство неодамна кога агенцијата Baron&Baron – основана од страна на почитуваниот француски дизајнер Фабиен Барон – го редизајнираа нејзиното лого.
Влогот беше доста висок за Zara, која никогаш не се рекламира надвор од просторот на своите продавници. Така, оние темно сини хартиени кеси со добро познатите букви се како некои мини-мобилни билборди за нив. Старото лого, со широко одвоени карактери во прилагоден фонт, стана дел од урбаната средина – што можеби беше и целата поента на редизајнот.
Новата верзија, како што можете да видите, има доста збиени букви, како воз кој удира во ѕид, со додавање на еден пар на декоративни криви линии на буквите З и Р. Барон е мајстор на отмената типографија, има работено за списанија како што се Harper’s Bazaar и францускиот магазин Vogue, како и луксузните брендови Dior, Coach и Bottega Veneta, па веројатно знае што прави.
Сепак, социјалните медиуми се преоптоварени со саркастични реакции на промената на логото. Еден од најчесто цитираните коментари е онај на дизајнерот Ерик Спикермен, кој на Твитер напиша: “Ова е најлош пример кој сум го видел низ годините. Дали е направено од еден од оние нови роботи што ќе ги заменат луѓето? “Други коментатори го нарекоа “тесно” и “клаустрофобично”.
Промената на логоата честопати предизвикуваат блага хистерија кај потрошувачите. Одличен пример за ова е The Gap, кој во 2010 година беше принуден да се повлече и да го отфрли своето ново лого откако фановите го подигнаа својот глс. БиБиСи дури ја нарече целата работа “дебакл”.
Според Advertising Age, новото лого било меѓу неколкуте предложени од страна на агенцијата Laird & Partners по “изборот меѓу три компании”. Бил Чендлер, портпарол на Gap, призна дека промената на логото била “премногу и направена премногу брзо”. Gap сè уште го користи своето оригинално лого, со елегантни сериф букви кои сè уште постојат.
И други модни брендови неодамна ги обновија своите логоа. Burberry лансираше смел нов болдиран sans-serif фонт создаден од битанската лагенда на графичкиот дизајн Питер Савил. Тој исто така дизајнираше монограм со испреплетен “ТВ” принт – идеален за користење на престижните куфери à la Louis Vuitton. Овие промени го означија доаѓањето на новиот моден дизајнер на Burberry, Рикардо Тичи.
Модните магазини му дадоа благи пофалби на дизајнот, но Твитер беше сè само не фин. Еден од критичарите на шега истакна дека редизајнирањето одзеде “сè што е излишно, како идентитет, стил, наследство и визуелна привлечност”.
Во нешто помалку контроверзен потег, Савил го редизајнира логото на Calvin Klein во 2017 година, префрлајќи го целосно во големи букви. Промената беше суптилна – толку суптилна што порталот Brand New забележа “зошто воопшто се трудеше?”
Исто така, во Франција, новиот дизајнер Хеди Слиман го промени на буквите на брендот Céline, со отстранување на акцентот над буквата Е. Оваа модна куќа набрзо истакна дека ова е само враќање на претходната верзија на името на брендот од 1930-тите.
И покрај талентот на Слиман како моден дизајнер (сметам дека неговите дизајни за машката облека на Céline се прекрасни), се чини дека има проблем кога станува збор за мешање во бренд идентитетот. Кога пристигна пред неколку години во Ив Сен Лоран, го промени името во Сен Лоран Париз.
Ова е можеби упатување на фактот дека “Париз” е бренд сам по себе, со сите видови на привлечни романтични асоцијации, но овој потег, исто така, беше малку тавтолошки. Навистина, од неговото заминување, се забележува дека Сен Лоран дискретно го исфрли додатокот “Париз”.
Играњето со логоата се чини ризично, ако не е неразумно. Градењето брендови и лојалност на купувачите бара време, напор и пари. Обидувајќи се вештачки да ја освежите привлечноста на вашиот бренд со промена на неговите ознаки, се чини како да го фрлате бебето зaедно со водата за капење.