Најавата на промените во менаџментот дојде непосредно пред претставувањето на најновиот квартален извештај на Publicis Groupe
Publicis Sapient го назначи Најџел Ваз за нов глобален извршен директор. На оваа позиција ќе го наследи Алан Векслер, кој ќе ја преземе функцијата претседател на групацијата.
Вакслер, кој беше назначен за извршен директор во декември 2017 година, ја презема функцијата претседател на групацијата, а Ваз истовремено станува и првиот глобален извршен директор на оваа компанија, бидејќи оваа позиција не постоеше претходно.
Ваз исто така е глобален лидер за трансформацијата на дигиталниот оддел на групата. Сега ќе биде задолжен за управување со способноста на Sapient да понуди консултантски, креативни и технолошки услуги кои ќе помогнат во дигиталната трансформација за клиентите.
“Мојот првичен фокус ќе биде обединување на нашиот персонал кој има 20.000 луѓе и 53 канцеларии зад брендот Publicis Sapient и потрага по можности за глобална дигитална трансформација”, изјави Ваз за The Drum.
“Покрај тоа, мојата одговорност ќе биде доследно стимулирање на растот на нашите пазари; постојано обезбедување врвни способности преку стратегија и советување, искуство и инженеринг, како и привлекување и развивање на најдобрите индустриски таленти”, додаде тој.
Тој, исто така, вели дека ќе се фокусира на клиенти на кои сака да им помогне за трансформација со користење на технологијата.
Објавувањето на промените во менаџментот дојде непосредно пред претставувањето на најновиот квартален извештај на Publicis Groupe.