Секоја година во Русија се случуваат илјадници сообраќајни несреќи. Луѓето погодени од овие несреќи, возачи и патници, покрај со физички повреди и психолошки последици, исто така се соочуваат и со прогресивни нарушувања од посттрауматски стрес.
Повеќето луѓе се обидуваат да ги надминат овие нарушувања, но за жал, во некои случаи состојбата се влошува со постојани панични напади.
Агенцијата BBDO, во соработка со Рено во Русија и еден центар за психолошка поддршка, разви проект „Renault Test Drive Adaptation“, курс за рехабилитација и опоравување кој им помага на возачите да ги надминат стравовите од претрпената траума. Терапијата ја спроведува тренер и психолошката едукација ја прилагодува за секој одделен случај.