Компанијата Coca-Cola HBC AG започна процес за аквизиција на водечката српска кондиторска компанија „Бамби“ од фондот Мид Европа Партнерс во вредност од 260 милиони евра.
Се очекува аквизацијата да биде завршена во вториот квартал на 2019 година со што компанијата Бамби добива нови можности за развој во Србија и во регионот, како и проширување на дополнителни категории на производи.
Главниот извршен директор на Coca-Cola HBC AG Зоран Богдановиќ, изјави дека оваа аквизација е можност да се создаде дополнителна вредност за компанијата, нејзините клиенти и акционери.
„Во нашето постоечко портфолио на водечки брендови на напитоци ќе додадеме добро познати, комплементарни брендови, како и иновативни вештини и знаења за купувачите. Ова дополнително ќе ја зацврсти нашата релевантноста на пазарот и односот со купувачите и ќе ни даде можност да го зголемиме нашето присуство во клучните прилики за конзумација”, рече Богдановиќ.
Од оваа компанија додаваат дека значителна вредност на компанијата „Бамби“ е тоа што има силна дистрибутивна мрежа, како и разладувачка дистрибуција во стратешки важен канал.
Брендови на оваа компанија се Bambi, Plazma, Wellness, Zlatni pek, Josh.