Volvo и агенцијата Forsman&Bodenfors испратија писмо до целата автомобилска индустрија, повикувајќи на “промени кои нема да бидат лесни”
Во прилог на немилосрдните извештаи на многу светски научници за неодржливата глобална зависност од нафта и растечкиот тренд на одржливи решенија, Volvo наскоро ќе го презентира својот електричен модел како решение за иднината.
Новиот рекламен спот кој го потпишува агенцијата Forsman&Bodenfors, го најавува откривањето на моделот Polestar 2, чија премиера се очекува на 27 февруари во Гетеборг.
Самиот спот е отворено писмо до целата автомобилска индустрија и објаснува зошто новото возило ќе означи пресвртница во оваа индустрија.