Минатиот август, шпанскиот луксузен моден бренд Balenciaga лансираше нов модел на влечки од 545 долари кои, според публиката на социјалните медиуми, изгледале како пакувањето за помфрит на McDonald’s.
Половина година подоцна, McDonald’s, заедно со агенцијата Nord DDB, конечно се одлучи да му одговори на модниот бренд преку пост на Инстаграм за време на Стокхолмската модна недела.
Од брендот за брза храна додадоа дека навистина ќе почнат да ги произведуваат влечките во облик на пакувањето за помфрит доколку постот на Инстаграм добие 103,042 допаѓања.