Пренесувајќи ја илузијата на жуборот на водата со светлосни и звучни ефекти, изложбата ја следи раскошна звучна позадина.

Париската галерија им нуди можност на посетителите, како никогаш порано, да се нурнат во колоритот на Висент Ван Гог.
Изложбата проектира по ѕидовите и подовите дигитализирани, повеќеслојни верзии на некои од најпознатите сликарски дела на Ван Гог, вклучувајќи ја “Ѕвездена ноќ” и други.
Пренесувајќи ја илузијата на жуборот во водата со светлосни и звучни ефекти, изложбата следи со раскошна звучна позадина.
Имаме “Ѕвездено небо”, имаме сончогледи, ириси, вели директорот на галеријата Мајкл Коузигоу.
Сакавме да понудиме нешто различно од класичните музеи, за да им овозможиме на посетителите да се нурнат во сликите, додава тој.
Изложбата “Ван Гог, Ноќна ѕвезда”, која се отвора денес и трае до 31 декември, е втор ваков проект на галеријата по изложбата на Густав Климт во 2018.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=31&v=OgwbOV5_0eA