Yifei Chai, архитект за иновации, ги советува Disney, Adidas и 20th Century Fox како иновативен начин да ги поттикнат човековите емоции во дигиталниот свет
“Предавачот Yifei Chai, да можеме, би го најавиле и два пати”, вели директорот на програмата на фестивалот Денови на комуникации, Дуња Ивана Балон. Тој на овогодинешниот фестивал во Ровињ ќе одржи дури две предавања и со тоа ќе стане првиот човек на Денови на комуникации кој ќе го стори тоа.
Клиентите го опишуваат неговиот пристап како емоционална алхемија. Иновации, концепт и стратегија, уметност и креативна дирекција, дизајн и изработка – области каде Yifei Chai е неспорен авторитет – им помага на огласувачите и брендовите во намерата со дизајнирање на незаборавни, емотивни и изненадувачки искуства да го зголемат чувството на подлабока поврзаност со публиката.
Богатата биографија на Yifei Chai и звучната титула архитект за иновации во компанијата UNIT9 му донесе клиенти како што се глобалните гиганти Дизни, Адидас и на 20th Century Fox, кој ги советува како со помош на креативното размислување и иновации да се создаде најдобро емоционално искуство кај нивните купувачи.
Заборавете да го разберете дигиталното, оставете дигиталното да ве разбере вас – е темата на неговото прво предавање “Digital Empathy“ во кое ќе се занимава со прашања како што се – како можеме да станеме похумани кога се подложуваме на вештачките платформи кои не зборуваат човечки јазик и како можеме да создадеме искуство кое ќе ни овозможи не ја забораваме нашата човечка природа во интеракција со машината.
Неговото второ предавање “Human Survival Guide in the Age of AI – How to Coexist with the Coolest and Baddest of AI“ е идеално за љубителите на вештачката интелигенција. Yifei Chai го замисли предавањето како споредба на фиктивните вештачки интелигенции (како Терминатор или Ex-Machine) со вистинските вештачки интелигенции, како IBM Watson или пребарувачите како Google, кои Холивуд веќе долго време ги претставува како ултимативни херои или екстремни негативци. Тој редовно нагласува дека веќе живееме во иднина и дека неспорно постапуваме според инструкциите на вештачката интелигенција.
Повеќе информации за фестивалот Денови на комуникации пронајдете на: www.danikomunikacija.com