Брендот ја лансираше кампањата “Dream Crazy” фокусирана на жените која ги повикува да сонуваат уште полудо
Еден од спотовите кои оставија најголем впечаток за време на доделувањето на Оскарите овој викенд беше најновата реклама од Најк, кој ги претстави жените во спортот и епитети кои ги добиваат во јавноста заради нивната страст.
Нараторот во видеото е Серена Вилијамс, која зборува за неумоливоста на женските спортисти кои ретко се воздржуваат, а за многу од нив кои ги надминуваат границите и поставуваат нови стандарди во спортот, често се вели дека се “луди”. Но, Најк одлучи во својата реклама овие епитети со негативна конотација да ги претвори во мотивациски пораки, повикувајќи ги жените да “сонуваат уште полудо”.
Видео е најновата итерација на пошироката „Dream Crazy“ кампања која минатата година ја лансираше Колин Каперник, по повод 30-годишнината од култниот слоган “Just Do It“.
“Ако покажеме емоции, не` нарекуваат драматични. Ако сакаме да играме против мажи, ние сме луди”, вели Серена во спотот, забележувајќи и други зборови како “ненормални”,” хистерични” и “ирационални”. “Значи, ако сакаат да ве викаат луди, тогаш добро. Покажете им што можат да направат лудите“, а потоа се појавува и главниот слоган на кампањата: „It’s only crazy until you do it. Just do it.“