Светската здравствена организација неодамна го наведе “одбивањето на вакцинација”, како една од најголемите закани за глобалното здравје во 2019 година
YouTube ќе ги демонетизира содржините кои промовираат пораки против вакцинација. Имено, компанијата одлучи да не се прикажуваат реклами со таквите контроверзни содржини, по растечкиот притисок од јавноста да се справи со целата низа на теории на заговор и дезинформации за имунизација кои се шират на оваа платформа.
Во Велика Британија, секретарот за здравство, Џонатан Ашворт изјави дека технолошките платформи создаваат “ургентни ризици по јавното здравје” со тоа што не ги спречуваат постовите кои ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца.
Светската здравствена организација неодамна го наведе “одбивањето на вакцинација”, како една од најголемите закани за глобалното здравје во 2019 година.
Видео платформата во сопственост на Google, по овој повод изјави дека нивната политика на рекламирање забранува монетизација од “опасни и штетни” содржини и дека отсега ќе престане да прикажува реклами на каналите и видеата кои се залагаат против вакцинацијата, со што се отстранува една од главните мотиви за објавување на овие содржина.
“Имаме строга политика што одредува со кои видео записи допуштаме прикажување на реклами, а видеата кои промовираат содржина против вакцинација ги кршат овие правила”, наведуваат од YouTube.
“Силно ги спроведуваме овие правила и ако најдеме видео кое ги прекршува, ние веднаш преземеме дејства и ги отстрануваме рекламите.”
Истовремено, YouTube, се бори и со друга криза која вклучува сексуални предатори и педофили на нивната платформа.