Во процесот на мелење и печење, постоел сомнеж за квалитетот на лешниците кои се составен дел кремот и плочките Киндер Буено
Италијанската фабрика Фереро во погонот во Франција, повторно започна со работа и со производство на омилен крем од лешник. Најголемата фабрика на Нутела во светот, поради претпазливост, беше затворена пет дена поради сомневањето во квалитетот на лешникот во процесот на мелење и печење, а кој е составен дел од кремот Нутела и чоколадните плочки Киндер Буено.
Компанијата тврди дека веќе немаат никакви проблеми и повторно работат со капацитет од 100 проценти. Сите нивни производи на пазарот се исправни и нема потреба за нивно повлекување, а снабдувањето на купувачите продолжи без никакви проблеми.