Овогодинешниот фестивал ќе биде домаќин на првата индиска креативна директорка и заштитно лице на иницијативата на Cannes Lions – See It, Be It, Свати Батачарја и Џесика Чеплоу, специјалист за иновативни платформи во зачеток и е-трговија
Во дигиталниот свет полн со можности, каде што времето станува луксуз, продажбата мора да биде ефикасна и персонализирана, а на брендовите им е потребна харизма која што клиентите ќе ја почувствуваат и примат. На Денови на комуникации во Ровињ доаѓаат двајца врвни експерти, на кои оваа област им е потесна специјалност.
“Создавање на сопствени услови можат не само потрошувачите, туку и брендовите: социјалниот аспект на поврзување со потрошувачите во дигиталната ера им овозможува на брендовите развој на способност за градење на сликата за себе – затоа што луѓето не го купуваат производот, туку идејата која стои зад него”, вели Свати Батачарја, првата креативна директорка во Индија и едно од водечките лица во индустријата на деловно комуницирање која ги руши сите бариери, заради што Cannes Lions ја прогласи за амбасадорка на иницијативата See It, Be It.
Пробивање на стаклени плафони во светот кој сеуште е во голема мера патријархален, работа на највпечатливите кампањи за брендовите како Пепси, Нескафе и Кит Кат, повеќекратно освојување на престижни награди на Cannes Lions и брилјирање на пазарот кој се менува од ден на ден – своите формули за успех Батачарија ќе ги сподели во Ровињ на предавањето “Sisterhood – a toolkit for life”, а нејзиното искуство подеднакво ќе ги збогати и мажите и жените во индустријата на маркетинг комуникациите.
Машинското учење, гласовната технологија (voice) и компјутерскиот вид (сomputervision) се најновите технолошки достигнувања кои побудуваат интерес од целиот свет, а специјалистот за овие иновативни платформи во зачеток и е-трговија, Џесика Чеплоу, ќе објасни како да се направат дел од успешната приказна на секој бренд. Како глобален советник на клиентите на компанијата WaveMaker, таа им помага на различни гранки на индустријата во усвојување на новите технологии и примена на најдобрите практики во е-трговија. Со откривањето на трендовите кои водат кон раст на продажбата преку e-канали, Чеплоу им крои на клиентите нови императиви за успешно работење, а во предавањето “Heartificial Intelligence: How AI is Humanising Businesses” ќе се осврне на она што тежи секој квалитетен бренд со визија за иднината – хуманизација на брендот и потрошувачкото искуство во кое потрошувачите со сопствени преференции свесно ги поставуваат сопствените услови.
За повеќе информации на фестивалот Денови на комуникациите посетете ја официјалната страница на фестивалот: www.danikomunikacija.com.