Основачот на најголемата маркетинг мрежа во светот – WPP и најпознатата личност во маркетинг комуникациската индустрија доаѓа во Ровињ
Организаторите на фестивалот Денови на комуникации, кој ќе се одржи од 28 до 30 март во Ровињ, на прес-конференција го најавија доаѓањето на една од највлијателните личности во светот, според Time 100 и основач на WPP, најголемата маркетинг мрежа во светот – Сер Мартин Сорел.
“Секоја година носиме се` подобри предавачи. Малиот локален фестивал порасна во место кое го посетуваат некои од најголемите лица на нашата индустрија. Оваа година имаме веќе доволно, а шлагот доаѓа на крајот – Сер Мартин Сорел, личноста која угледниот The New Yorker го прогласи за најголема ѕвезда во светот на маркетинг комуникациите“, воодушевено го најави директорката на фестивалот и на програмата на Денови на комуникации, Дуња Ивана Балон.
Сер Мартин Сорел ја започна својата кариера пред повеќе од триесет години, со преземање на малата британска компанија за производство на жичани кошници за продавници наречена Wire and Plastic Products и од неа создаде мултинационален маркетинг гигант, компанијата WPP, која бројно и по приход е најголема во светот со повеќе од 3.000 канцеларии во 112 земји. Денес, WPP е сопственик на некои од најголемите адвертајзинг агенции во светот, вклучувајќи ги Grey, Ogilvy, GroupM, MediaCom, Mindshare, Wavemaker, Kantar и многу други. На чело на компанијата беше долги 33 години, со што стана најдолговечниот и најдобро платен директор и тоа на компанија која се наоѓа на ценетиот Financial Times Stock Exchange 100 index. По неколку години успешна работа во WPP, Сорел поднесе оставка како главен извршен директор и се посвети на новиот предизвик и проект – компанијата S4 Capital.
“На Денови на комуникации сервираме знаење послужавник- носиме рекорден број на предавачи, а програмата е најдобра од било кога досега”, изјави Давор Брукета, извршниот директор на HURA.
Досега, најавени предавачи на Денови на комуникации се: Sir Martin Sorrell (директор, S4 Capital); добитникот на наградата за најдобар огласувач во светот Matt Biespiel; дигиталниот експерт Yousef Tuqan Tuqan; етичкиот хакер Ralph Echemendia; потпретседателот на VICE Media со титула “Star of Tech City” Mark Adams; шегаџијата, новинар и автор бр. 1 на лажен ресторан во Лондон на Trip Advisor, Oobah Butler (проекти: The Shed, Giorgio Peviani Jeans, fake Oobah); авторитетот во светот на новите технологии и вештачка интелигенција за брендови Yifei Chai; авторот на бестселери и стручњак за бихевиорален маркетинг Mark Earls (aka HERDmeister); Steve Vranakis, извршен креативен директор на Google Creative Laba; Swati Bhattacharya, првата креативна директорка во Индија и амбасадорка на Cannes Lions; Che-Wei Wang, лидер на генеративен дизајн, алумини на MIT и изложувач во славниот MoMA (Museum of Modern Art); Jessica Chapplow (e-commerce & emerging platforms); Aaron Sherinian (Vice President, Global Communications Transformation, Philip Morris); Ali Ali, еден од топ 10 режисери на светот и автор на славното виралнио видео Never Say No to Panda и многу други.
Брукета најави уште една нова новина, а тоа е што предавачите после нивните предавања ќе одат во новата сала Quickie која се наоѓа во шумата на хотелот Lone и која е уникатна по тоа што учесниците ќе имаат можност директно да ги прашаат предавачите се` што ги интересира – и на тие прашања да добијат директни одговори.
За повеќе информации, посетете ја официјалнта страница на фестивалот Денови на комуникации: www.danikomunikacija.com.