Спотот го потпишува агенцијата Antoni Garage, под креативно водство на Алис Ботаро
По повод Денот на жената, “Мерцедес-Бенц” му оддаде признание на Берта Бенц, сопруга на Карл Бенц, пронајдувачот на автомобилот, кој го дизајнираше и го направи првиот практичен автомобил во светот Patent-Motorwagen, кое се смета за пионерско возило во историјата.
Неговиот изум ќе останеше незабележан доколку неговата сопруга Берта Бенц не преземеше иницијатива за да го промовира.Со најдиректен маркетинг пристап, верувајќи во потенцијалот на автомобилот, таа тргнува на првото подолго патување со автомобил, долго 106 километри, кое ја промени светската историја.
“Берта беше пионер, нашиот прв тест возач. Нејзината храброст и упорност многу ме инспирираа. На мојот тим му беше важно да ја опише Берта како силна жена и безвременски пример. Нашиот тим сака да ги мотивира луѓето низ животот да одат со сличен позитивен и отворен пристап и да се соочуваат со предизвиците на самодоверба“, изјави потпретседателката на маркетинг на Мерцедес Бенц автомобили, Бертина Фецер.
Четириминутниот спот “Берта Бенц: Патувањето кое смени се`” го потпишува агенцијата Антони Гараж, креативен директор е Алис Ботаро, а продукцијата ја направи продукциската куќа Анорак филм, во режија на Себастијан Штрасер.