По повод Меѓународниот ден на жената Budweiser повторно испечати три реклами од 1950-тите години во кои жените се прикажани како послушни домаќинки. Меѓутоа, покрај оригиналните реклами, брендот направи и нова верзија на истите реклами кои носат сосема поинаква порака.
Грижлива мајка и жена која се грижи за домот и бесусловно го поддржува својот маж била класичен пример за стереотип за совршена жена во 50-тите години на минатиот век. Таа слика често се појавувала во рекламите во кои мажите биле на прво место, брендот Budweiser не бил исклучок.
Меѓутоа, брендот сериозно размислуваше за тие реклами така што ажурираните реклами се лишени од сексистички пораки и доделени улоги, пишува Bored Panda.