Уметнички пристап на Икеа во рециклирање на производите и помагање на животните
По повод лансирањето на одржливите продавници на Икеа во лондонски Greenwich, омилената продавница за уредување на домовите ширум светот се здружи со локалните уметници со цел создавање на уникатни, преубави домови за диви животни.
Новата продавница на овај ланец, која ги отвори своите врати во февруари оваа година, во своите рамки има и Learning Lab, каде што купувачите можат да научат како да го продолжат животот на производите, да одгледуваат храна, да ги преобразат старите производи и во тој процес да ги направат своите домови одржливи.
Оваа кампања е уште еден чекор во пошироката платформа на Икеа која е насочена кон одржливост и повторна употреба на проиводите, во која брендот и нивната креативна агенција Mother пронаоѓаат уникатни, креативни начини не само за комуникација, туку и за пренамена на производите со цел продолжување на животниот век.
Подолу погледнете некои од уметничките дела кои уметниците ги креираа за малите животни во овај проект: