Речиси 100 години, поларната мечка е заштитно лице на многу препознатливи зимски кампањи на Кока Кола во светот. Но, во нејзино друштво секогаш се појавувале слични, други поларни мечки. Овај факт послужи како можност да се испрати моќна порака за различноста.
“За прв пат во историјата на брендот, на култната поларна мечка на Кока Кола и` се приклучија мечките од другите континенти: црна мечка, кафеава мечка и панда. Ја славиме различноста и единството на шармантен начин, прикажувајќи ги заедно додека споделуваат Кока Кола, производ кој е достапен во сите делови на светот”, се вели во објаснувањето на рекламата.
Во јануари 2019 година овој необичен мотив беше претставен на улиците на Германија во форма на посебни дигитални билборди на железничката станица во Берлин, кои се искористени за да допрат до пошироката публика на вакви фреквентни места.
Слоганот на кампањата е “Можеби изгледаме поинаку. Но, постои повеќе што нè обединува отколку она што нè дели“.