Еден од најголемите фестивали за креативен маркетинг и адвертајзинг комуникации во Источна Европа, White Square, ќе се одржи во белорускиот главн град Минск од 17 до 19 април.
Секоја година, на фестивалот се пријавуваат над 1000 креативни кампањи од преку 30 држави, кои се натпреваруваат во различни категории кои ги покриваат сите сфери на современите адвертајзинг комуникации: Creativity, Branding, Marketing and Creative Effectiveness, Digital, Media и Social ad.
Пријавените кампањи ќе бидат оценувани од страна на шест интернационални жирија составени од врвни професионалци кои освојувале награди на Cannes Lions, D&AD, Effie и други престижни фестивали за креативност:
Покрај натпреварувачкиот дел, програмата на White Square содржи и голем број бизнис и едукативни настани. Многумина од членовите на погоре споменатите жирија ќе бидат и главни говорници на овие настани, споделувајќи ги своите искуства во создавањето на големи идеи и методи на имплементација на ефективните маркетинг комуникации.
Повикот за пријавување на White Square 2019 е отворен и трае до 29 март. Детални информации за фестивалот и можностите за учество може да се најдат на официјалниот веб-сајт adfest.by.