Иницијативата е започната од страна на медиумите гиганти Disney, Comcast, NBCUniversal, CBS и многу други, а нивната цел е да ги продаваат вашите податоци на огласувачите
Сите знаеме дека социјалните мрежи се преполни со таргетирани реклами, но никој не очекуваше дека еден ден ќе се појават и на нашите телевизори. Неколку големи компании, вклучувајќи ги Disney, Comcast и Discovery најавија заедничка иницијатива со ТВ компанија Vizio во рамките на која планираат да развијат нов стандард кој ќе ги персонализира рекламите на дигиталната телевизија.
Овие компании проектот го нарекоа “Проект OAR” или Open Addressable Ready (подготвен за отворено адресирање). Стандардот би требало да овозможи емитување на таргетирани реклами во рамките на програмите на барање. Иако ова теоретски ги прави рекламите поуспешни и повредни, тоа исто така значи дека податоците на корисниците ќе се споделуваат со надворешни компании, што претставува голем проблем, особено во ЕУ.
Исто така, треба да се напомене дека Vizio веќе има судска пресуда поради продажба на кориснички податоци на огласувачите без знаење на сопствениците на уредите, за што компанијата плати оштета од 2,2 милиони долари. Единственото нешто што можеме да се надеваме е дека Vizio после овој судски спор научиле нешто и дека ќе обрнат внимание на деталите при развојот на горенаведените стандарди.
Како што наведува магазинот Adweek, конзорциумот планира да издаде прототип пред крајот на пролетта, што значи дека стандардот може сериски да се интегрира во уредите на крајот на оваа година или почетокот на следната година. Претпоставуваме дека воведувањето на овој стандард на територијата на Европската Унија ќе наиде на многу приговори.