Во декември минатата година, Tumblr објави дека повеќе нема да дозволи порнографска содржина на својата платформа. Можеби поголемиот дел од корисниците ја користеа за споделување на постови и слики, но имаше голем број корисници кои го задржаа Tumblr затоа што дозволуваше содржини за возрасни. Забраната доведе до тоа една петтина од корисничката база на Tumblr да ја напушти платформата.
SimilarWeb, веб-аналитичка компанија, објави дека посетеноста на веб-страницата на Tumblr падна од 521 милиони во декември 2018 година на 437 милиони во јануари 2019 година.
Минатата година, Tumblr објави дека постовите со содржини за возрасни “повеќе нема да бидат дозволени” и дека ги ажурира своите насоки за заедницата за да ја одрази промената во политиката на платформата. Исто така беше кажано дека ќе се користат автоматски алатки за да се идентификува содржината на возрасните, така што таквите пораки можат автоматски да бидат обележани и отстранети.
Одлуката не помина добро кај корисниците кои ја преферираа оваа платформа, бидејќи претходно им дозволуваше да објавуваат содржини за возрасни. Многу од корисниците учествуваа во „log off“ протестот кој ги поттикнуваше корисниците да го напуштат Tumblr. Податоците покажуваат дека протестот навистина остави забележлива трага во корисничката база на оваа платформа. Сепак, Tumblr не покажа никакви индикации дека ќе се врати на старото и покрај значајните реакции на своите корисници.