Правдата е „слепа“, а „слепоста“ на процесите, вклучително и на оние за вработување, придонесува за намалување на пристрасноста во нив, како на пример практиката на анонимни апликации.
За таа цел, Центарот за рехабилитација на очи од Колумбија, заедно со агенцијата McCann Колумбија, започнаа иницијатива со која гарантираат дека процесите на вработување ќе бидат целосно непристрасни во однос на изгледот на кандидатите, со тоа што работните интервјуа ќе ги водат слепи лица.
Според нив, оваа иницијатива, од една страна, ќе овозможи нови работни места за слепите лица кои и самите често се соочуваат со дискриминација при вработувањето, а од друга страна ќе им помогне и на оние лица кои не се придржуваат до традиционалните идеи за тоа како треба да изгледа добар работник полесно да најдат работа.
Досега веќе три компании се придружиле кон иницијативата, а спотот која ја промовира се емитува на телевизија и на социјалните медиуми.