Агенција Atomic од Лондон и компанијата iNews одлучија да креираат едноставна и впечатлива кампања со користење на различни нијанси на боја за ги комуницираат повеќеслојните перспективи на некои од најпознатите луѓе.
Британската медиумска компанија iNews одлучи да користи кодирање со боја за да ги илустрира различните перцепции за јавните личности, како што се Тереза Меј, Ким Јонг Ун и Доналд Трамп во новата принт кампања, која ја изработи агенцијата Atomic од Лондон.
Серијата илустрации беа нарачани да ги истражат неочекуваните аспекти на некои од најпознатите луѓе на светот. Во секоја од сликите се користени три бои, со цел “да претстават различни погледи”, а боите се во согласност со “три различни описи на карактери на познатите личности”.
На пример, сликата на Тереза Меј е опишана со зборовите “прагматична, роботска, хаотична”, додека листата на Ким Јонг Уна вклучува: “хиперболичен, дијаболичен, зависник од чоколадо”.
Кампањата ќе се спроведува преку принт канали, дигитални платформи и на некои од најпрестижните локации со билборди во Лондон.
Медиумската компанија iNews вели дека кампањата сака да ја нагласи “безрезервна посветеност на весникот за непристрасност,” при што централната идеја е дека “читателите треба сами да создадат мислење по изнесените факти, наместо да бидат под влијание на мислењето на уредувачката редакција”.