Grey Group Полска и Св. Флоријан спасуваат животи на многу едноставен начин
Секоја година, труењето со јаглерод моноксид убива речиси 100 луѓе во Полска, а дополнителни 2.000 се хоспитализираат. Овој тивок убиец не ги бира луѓето по религија или општествен статус, па агенцијата Grey Group од Полска разви кампања за решавање на ова прашање, во соработка со Асоцијацијата на оџачари во Полска.
Кампањата “Знак од Свети Флоријан” е приказна во која различни религии се обединуваат за да ги спасат животите на луѓето.
Националната асоцијација на оџачари во Полска и претставници на три верски заедници – православна, католичка и муслиманска, учествуваа во кампањата која ги подучуваа луѓето како да избегнат труење со јаглероден моноксид и тоа со користење на сликата на Свети Флоријан која се споделуваше за време на посетата на свештените лица во домовите на луѓето.
Една од главните причини зошто толку многу луѓе умираат од труење со јаглерод моноксид е недоволната циркулација на воздух во домовите. Ова е особено критично за време на грејната сезона, кога неефикасната вентилација спречува циркулација на свеж воздух.
Полска е религиозна земја со силна традиција на пасторални посети. За време на овие посети, свештениците даруваат слики од светци за да ги заштитат домаќинствата од зло и несреќи. Така на пример, Св. Никола чува од разбојништво, Св. Кристофер, од сообраќајни незгоди, итн.
Оваа година на традицијата се приклучија претставници од разни религии, споделувајќи ја сликата на Св. Флоријан, заштитник на пожарникарите и оџачарите, на која се содржани упатства за тоа како луѓето може да го проверат системот за вентилација во домовите на многу едноставен и сигурен начин. Во кампања која траеше повеќе од 14 месеци, агенцијата дистрибуираше скоро 30 милиони од овие упатства.
Минатата година, агенцијата спроведе слична кампања со летоци за неколку трговски ланци во Полска.