Малите симболи за нотификации на нашите мобилни телефони се како храна за нас. Ги добиваме стотици на ден, дури сме и по малку навлечени на тој краток звук, или симбол кој ни ја дава дневната доза на допамин. Како човечки суштества копнееме по припадност, валидација, комуникација… ние сме социјални битија.
Според истражување на Deloitte, над 30% од луѓето го проверуваат мобилниот телефон во првите пет минути откако ќе се разбудат (Deloitte: Global Mobile Consumer Survey 2017 Mobile Evolution). А дури 62% се чувствуваат подобро и посреќно кога добиваат позитивни коментари на она што го споделиле на социјалните медиуми.
Денес не можеме да го замислиме животот без мобилен телефон, без Фејсбук, Вибер, Инстаграм.., не поминува ден без нешто да твитнеме, да постираме, да комуницираме, да споделиме и да бидеме споделени. Нашата опседнатост со нотификации е одраз на нашата потреба за интеракција, но и на нашата потреба да креираме позитивна слика за себеси. Оваа приказна има и своја темна страна, дури постои и нарушување кое се нарекува растројство на зависност од Интернет (IAD).
Но, што ако го искористиме тој звук што толку силно нè привлекува за да го насочиме нашето внимание кон нешто друго? Одлична идеја, која Македонски Телеком ја искористи во својата кампања „Технологијата за добро“. Самата кампања ја подига свеста за свесно и насочено користење на технологијата за добро, односно за свој личен развој или заедничко општествено добро. Како се искористени нотификациите?
На сите верзии на креативите од кампањата, покрај слоганите кои повикуваат на еден вид „будење“ од постојаната опседнатост со технологијата, која доколку не се користи правилно може да го окупира нашето живеење, има нотификација која обично означува непрочитана порака, но овде ни обрнува внимание на иницијативи и технолошки решенија преку кои можеме да постигнеме личен развој или општествено добро. На неколку места во Скопје, дисплеи со рекламата „Користете ја технологијата за добро“ емитуваат звуци идентични на нотификациите на мобилните телефони и имаат за цел да ни го привлечат вниманието, а сигурно ни го привлекуваат, затоа што речиси и да сме зависни од тој звук. Вакви интерактивни дисплеи се поставени во Скопје Сити мол и на автобуската станица кај Рекорд. Звукот на нотификација, го привлекува вниманието и го насочува кон дисплејот кој вели – учете низ игра, оброк за фотографирање или донирање, дознајте сè за ѕвездите, откријте каде треба помош, откријте ги сите чуда на природата, научете повеќе за уметноста, станете свесни за околината…
Тоа не е само уште една во морето нотификации, искористен е звукот на кој сме навлечени, за да се сврти внимание и да се насочиме кон еден вид будење. Ние веќе не можеме и не треба да живееме без технологија, но време е да сфатиме дека треба да ги искористиме можностите што ги пружа технологијата за свој личен развој или за заедничко добро. Да испливаме од морето на нотификации и да бидеме креатори на својот живот. Овој добро познат маркетинг трик за привлекување на вниманието, во кампањата на Телеком е искористен токму за да предизвика спротивен ефект, да нè потсети од морето нотификации, информации, медиуми,.. и да ги избереме оние вистинските. Одлична кампања.