Огромна дупка на патот за тетовско Бањиче стои веќе три години и го зафаќа делот на една од главните рекреативни пешачки патеки.
Револтирани, група тетовски активисти реши да направи герила акција со цел да го сврти вниманието на надлежните кон проблемот. Во близина на дупката активистите поставија фигура од познатата анимирана серија „Ла линеа“.
Активистите алармираат дека дупката постојано се шири и претставува закана за целиот пат при поголеми врнежи на дожд.
извор: radiomof.mk