Под слоганот „Your Moment is Now“, во главниот град на Белорусија, Минск, се одржа единаесеттото издание на најголемиот меѓународен креативен фестивал во Централна и Источна Европа – White Square.
На овогодишното издание на White Square се пријавиле вкупно 1019 кампањи од 32 држави, во седум различни главни категории: Creativity, Branding, Marketing, Creative Effectiveness, Digital, Social ad и Media. Пријавените кампањи беа оценувани од страна на 6 меѓународни жирија составено од 62 светски-признати професионалци од кретивната инсутрија.
За најдобра креативна агенција на фестивалот, со најмногу добиени награди, беше прогласена руската Voskhod, додека пак за најдобра белоруска агенција беше прогласена Forte Grey.
Со највисоката Гранд при награда се закитија кампањите: “The Blank Edition” на агенцијата IMPACT BBDO од Либан, “Forte Femme” на агенцијата Voskhod од Русија и “KOSHOGO” на агенцијата Leo Burnett Moscow од Русија. Целосната листа на наградени може да се погледне на следниот линк.
Покрај наградната церемонија, дел од фестивалот беа и над 70 предавања на експерти од 20 различни европски држави, запознавајќи ги присутните со најновите трендови во маркетингот, брендирањето и медиумите. За младите почетници и идни маркетери беше организиран и настанот Advertising Hackathon од страна на Економскиот факултет во Минск. Специјален партнер на фестивалот беше MTBank.