Октоподот е симбол на овогодинешната конференција за медиски трендови
Оваа година, на 28 и 29 ноември, во Порторож, Словенија ќе биде одржана 21-та конференција SEMPL. Квалитетна програма, одлични говорници и награди за медиумска извонредност и оваа година ќе ги следи креативен визуелен идентитет креиран од словенечката агенција Futura DDB.
“Работата во маркетинг и огласување бара стратешки и креативен пристап при решавање на проблемите. Клучните идеи мора да бидат стратешки и креативно прилагодени на комуникациските канали, да бидат персонализирани и да одговараат во реално време, па затоа по агилност сме слични на октоподот. Октоподот е симбол на стратегија, креативност и интелигенција. Затоа октоподот е симбол на 21. SEMPL”, на овај начин изборот на овогодинешниот симбол беше објаснет во агенцијата Futura DDB, која неколку години по ред се грижи за визуелниот идентитет на SEMPL.
Повеќе информации за конференцијата SEMPL пронајдете на сајтот http://www.sempl.si/en/