Новата принт кампања на брендот за брза храна Бургер Кинг може да ви предизвика кошмари, искористувајќи едно „страшно“ искуство од детството – да бидете прегрнати од страшен кловн на вашиот роденден.
Кампањата е очигледен „напад“ врз кловнот Роналд Мекдоналд, маскотата на најголемиот конкурент Мекдоналдс, нудејќи им на своите потрошувачи и нивните деца простор во кој ќе бидат „безбедни“ од „страшниот“ црвено-нос кловн за време на најсреќниот ден во годината.
„Бургер Кинг знае дека родендените се многу важен настан за децата и ние веруваме дека тие треба да бидат забавни и безбедни од кловнови. Ние преферираме да бидеме на добрата страна од детските спомени, не оние страшните,“ истакна Мачело Паскоа, глобален маретинг директор на Бургер Кинг во соопштение по повод лансирањето на кампањата.
Креативната агенцијата која стои позади кампањата е LOLA MullenLowe Madrid од Шпанија.