Слоганот на кампањата е: “Бидете храбари. Бидете сјајни. Бидете убави”.
Кампањата на Гучи за новата линија на кармини привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во кампањата за линијата од дури 58 нови нијанси на кармини се појавува Дани Милер, пејачката на панк бендот Surfrort, како и моделот Mие Лапрес.
Откако се појавија првите фотографии од кампањата на Инстаграм започна дискусијата. Додека едни се воодушевени и даваат поддршка на афирмирањето на различностите на Гучи, други веруваат дека кампањата ги премина сите граници.
“Ова дефинитивно нема никој да мотивира да го купи тој кармин”, “Јас побргу би ги потрошила парите на забар отколку на вашиот кармин”, “Не ми се допаѓа тоа”, “Може ли некој да ми објасни што е ова?”, “Промовирате лоша хигиена и лоши здравствени навики, вакви заби не се само естетски проблем, туку и медицински”, ” Sorry, Gucci, но си го уништивте името”, беа накои од коментарите на социјалните мрежи.
Други беа воодушевени.
“Ова е генијално”, “Конечно гледам реклама за кармин на некој кој нема вештачка холивудска насмевка со премногу бели заби”, “Конечно признавање на нормалното”, “Убавината е убавина, без филтри”, “Навистина е жално што дојдовме на фактот дека нè разлутува тоа што некој нема совршена холивудска насмевка. Погледнете се во огледало”,”Не секој има совршени заби и тажно е да се види дека нечии несовршености ги навредуваат другите”,” Чекајте, таа не треба да носи кармин затоа што не ви се допаѓаат нејзините заби?”, беа коментарите на оние на кои им се допадна кампањата.
“Шминката е нешто поетично и минливо што можете да го додадете на лицето, да го промените или со чија помош да потенцирате нешто на себе.Шминката за мене е нешто како магичен јазик, цврсто е поврзана со другите детали кои ги користиме за нагласување на себе, како фризурата или накитот. Од сите овие аспекти кои ги користиме за да нагласиме некој аспект од себе, таа е најнепосредниот и најстариот метод и со самото тоа и најфасцинантен”, изјави креативниот директор на Гучи, Алесандро Мишел најавувајќи ја кампањата за WWD.
Слоганот на кампањата е: “Бидете храбари. Бидете сјајни. Бидете убави”.