– РЕГИОН –
Јана Савиќ Растовац, креативната директорка на агенцијата МекКен Белград, е избрана за член на жирито на угледниот Њујоршки адвертајзинг фестивал во категоријата Принт.
Фестивалот во Њујорк е еден од најважните светски манифестации кои прават пресек на достигнувањата и креативноста во областа на огласувањето. Способноста една идеја да се преточи на само една страна хартија, самата по себе бара голем талент и знаење. Со самото тоа и одлуката кој е најдобар во оваа категорија е прилично тешка, така што жирито на овогодинешниот фестивал го сочинуваат најзначајните стручњаци од креативната индустрија ширум светот.
Она што е своевиден куриозитет на овој реномиран фестивал е тоа што член на жирито се станува по препорака на некој од членовите на жирито од претходната година.
“Чест е да се биде дел од најдобрите креативни директори на денешницата. Мојот избор за член на жирито е признание за мојата лична работа и приднес во струката, но и за агенцијата МекКен Белград која го негува и поддржува креативниот развој“ , вели Јана Савиќ Растовац, креативната директорка на МекКен Белград и додава : “Да се биде креативен во печатените медиуми во конкуренција на новите и експериментални медиуми денеска е потешко отколку било кога. Сепак, добрата идеја е секогаш видлива, како и виртуозната во дизајнот“
Фестивалот ќе биде оддржан на почетокот на Мај оваа година и покраќ натпреварувачкиот дел по категории, ќе бидат оддржани и конференции, предавања, панел дискусии, изложби на проектите итн..
Повеќе за фестивалот можете да видите на следниов линк : http://advertising.newyorkfestivals.com/