– СВЕТ – Еден од најпознатите пивски брендови, данскиот Carlsberg , на своите конзументи им понуди уникатна можност да го продолжат времето :)
Се разбира, правиме муабет за времето за пиење :) и евтини цени на пивото во “Hour” кој може постојано да биде “Happy”.
Се што конзументите треба да направат е да дадат мала поддршка за брендот и барот каде пијат, со тоа што истиот ќе го испромовираат на инстаграм со слика каде пијат Карлсберг и хаштаг #HappyBeerTime.
Зошто велиме дека ова е Happy Hour напредна верзија, односно 2.0. ?
Карлсберг и досега практикуваше слична иницијатива со голем број на барови со кои соработува, нудејќи им можност интерактивно да промовираат “Среќен Час“ кога Карлсберг и Туборг производите беа нудени по половина цена. Но часот како час, посебно со пиво….брзо завршуваше.
За да ја продолжат забавата од Карлсберг смислија супер идеја на секој оној што ќе им помогне во промоцијата на брендот на Инстаграм да му понудат уште 5 мин. плус да може да нарача за цело друштво пиво по пола цена…и брендот и барот и друштвото имаат ќар од оваа идеја, затоа е одлична и заслужи за неа да пишуваме и во Македонија !
Погледнете: