На иницијатива на клубот Ротаракт Словенија, агенцијата Њу Момент Љубљана, во соработка со Здружението на пчелари на Словенија, креираше впечатлива кампања за зачувување на пчелите.
На Светскиот ден на пчелите, 20 мај, во хипермаркетите Туш во Цеље беа тргнати од полиците оние производи кои се зависни од опрашувањето на пчелите. Купувачите биле изненадени, шокирани и истовремено свесни за степенот до кој нивните животи навистина зависи од пчелите. Ги дочекале празни полици со објаснување дека производите не се достапни, бидејќи тие зависат од опрашувањето на пчелите и дека без нив, веројатно не би постоеле.
Словенечката јавност е свесна за загрозеноста на пчелите. Всушност, на иницијатива на Словенија, Обединетите нации го прогласија 20 мај за Светски ден на пчелите. Словенија беше меѓу првите земји во ЕУ која во 2011 година на нејзина територија ја забрани употребата на одредени пестициди опасни за пчелите.