Во среда (29.05.2019 ) од 18:00 часот во кафе барот Umbrella (ГТЦ) ќе се одржи летното, 34-то издание на нетворкинг настанот Бизнис кафе Македонија
На настанот ќе слушнете мотивирачките искуства, иновативни идеи, совети за успех, а како и вообичаено ќе почуствувате и многу позитивна енергија од нашите секогаш расположени домаќини и посетители !
Исто така, ќе имате можност да запознаете нови потенцијални клиенти за соработка, и да им поставите прашања на нашите и Ваши прекрасни гости со богата работна историја и искуства кои вреди да се чујат.
Со нас како говорници ќе бидат:
– Г-ѓа Анета Антова Пешева, сопственик и извршен директор на Ultra / Unet Group
– Г- дин Др.Азир Алиу, професор на SEEU university и сопственик на Digital School Macedonia и dFABS и
– Г- дин Кирил Колемишевски, партнер во Адвокатско друштво КОЛЕМИШЕВСКИ И ПАРТНЕРИ
Резервација на Вашето место можете да си направите со картите кои по цена од 300 ден., ќе можете да ги купите на следниве начини:
– На фактура, пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)