Кога Фејсбук во 2014 година даде 19 милијарди долари за WhatsApp, Цукерберг купи компанија која вети дека никогаш нема да воведе рекламирање, ниту пак ќе собира податоци од своите корисници.
“Имајте на ум дека кога станува збор за рекламирањето, Вие, корисниците сте производот”, се наведуваше тогаш во познатиот блог на компанијата.
На ова му дојде крајот, кога апликацијата премина во рацете на Цукрберг, а финансиските планови почнаа да вклучуваат и реклами.
Промената на курсот доведе до внатрешни несогласувања, кои кулминираа со заминување на ко-основачот на WhatsApp Брајан Акшон од Facebook.
Во интервју за Форбс, Брајан ја критикуваше постапката на челниците на Фејсбук, обвинувајќи ги дека сакаат да го исцедат секој долар од апликацијата без оглед на тоа што, на тој начин се оддалечуваат од темелите на кои беше создадена WhatsApp.
Сега корисниците на оваа популарна апликација за комуникации најавуваат дека тие ќе ги избришат своите профили и дека ќе преминат кон конкурентите Telegram или Signal.
Причината за ова е потврдата дека Фејсбук ќе воведе реклами, како што е илустрирано и на фотографиите на кои е прикажано како тие ќе изгледаат на WhatsApp.
На корисниците не им смета само изгледот и пречењето во редовната употреба на апликацијата, туку повеќе се загрижени за својата приватност која во неколку наврати беше нарушувана во претходните години, а главен виновник за тоа беше Фејсбук.