Кога е правилниот момент на дете да му се даде мобилен, колку долго треба да игра на Плејстејшн или да гледа Нетфликс, да „скрола“ по Фесјбук? Сите имаат мобилен и Снепчет, што ако јас му забранам на детето? Овие и слични дилеми ги мачат родителите ширум светот.
На 12-от Weekend Media Festival, експертот за оваа тема д-р Ранко Рајовиќ ќе одржи предавање со наслов „Децата и дигиталното доба: Како преку игра да се развива коефициентот на интелигенција кај детето“ и ќе советува како да се однесувате со децата во дигиталното доба.
Рајовиќ е специјалист по интерна медицина, магистрирал и докторирал во областа на неуроендокринологијата и спортските науки. Тој е долгогодишен соработник на UNICEF на проект за рано поттикнување на интелектуалниот развој на децата и предавач на Педагошкиот факултет во Копер. Тој е еден од авторитетите во регионот кога е во прашање воспитувањето и образованието. Истражувањата кои ги спровел покажуваат дека децата денес се послаби во однос на децата пред 10 години во четири области: моторика, математика-логика, речник и општо знаење. На Weekend Media Festival ќе објасни како родителите и учителите можат да им помогнат на децата низ игра да го достигнат својот максимум и паметно да се служат со технологијата.
Кога е во прашање заситеноста од технологија, ни возрасните не се наоѓаат во многу подобра ситуација. Екраните се нон-стоп со нас и стануваме сé посвесни колку всушност тие нé заморуваат. Медиското и технолошкото доба нуди толку многу можности, но и потенцијални проблеми, ако не знаеме како квалитетно да го „свариме“. Како да се преживее викенд без мобилен, да се организира недигитален живот и да се направи дигитален детокс, ќе се дискутира на панелот „Digital Wellbeing“.
Подготовките за 12-от Weekend Media Festival, кој ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ, се во полн ек. Оваа година новитет е „Викенд пакетот“ кој овозможува резервација на сместување и котизација. Сите маркетери можат да ги пријават своите кампањи за осмото издание на BalCannes, а најдобрите дигитални проекти ќе се претстават на најважната регионална дигитална награда – SoMo Borac.
Покрај провокативните и конструктивни дискусии за трендовите во медиската индустрија, најголемиот регионален фестивал посветен на комуникациите е познат и како место на најдобрата забава. Оваа година, фестивалот носи внимателно осмислена музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката стана уметност и средство на отпорот.