Денес беше официјално отворено седмото издание на New Europe Market во Дубровник, ексклузивен настан кој на едно место ги собира најдобрите медиски професионалци со фокус на регионот на Централна и Источна Европа. Прославата на петтиот роденден на Pickbox NOW со настапот на Бојана Јамброшиќ и Ешли Колбурн во хотелот Dubrovnik Palace беше воведот во три дена интересни дискусии и вмрежувања.
Овогодишниот NEM ќе биде домаќин на бројни интересни говорници и врвни експерти во медиската индустрија од компании како Sony Pictures Television, Eutelsat, JW Player, Deutsche Telekom, Viacom, AMC International, NBCUniversal и многу други, како и на славни личности како што се Алан Куминг, Габриел Јунион и Џесика Алба.
NEM 2019 се одржува од 10 до 13 јуни и ќе понуди различни теми поврзани со медиумите, од пробни периоди и конфликти помеѓу стриминг платформите и ТВ каналите, до севкупното дигитално искуство и важноста на оригиналната локална продукција.
Pickbox NOW го слави петтиот роденден
Во петте години на своето постоење, хрватскиот стриминг сервис на претплата Pickbox NOW не беше само самостојна услуга туку и дел од телевизиските пакети на многу телекомуникациските провајдери во регионот. Неодамна преименуван во Pickbox NOW, еден од главните приоритети на сервисот беше достапност на услугата на различни платформи, како и вложувањето во корисничкото искуство.
Сања Божиќ-Љубичиќ, директор и сопственик на Mediatranslations, Mediavision и Pickbox, ја искористи можноста да се осврне на почетоците на Pickboxa NOW за време на неговиот роденден.
„Многу работи се променија во последните пет години, но квалитетот на содржините и преводите останува наш приоритет. Друго што остана исто во текот на овие години е посветениот тим на луѓе кои работат во оваа мала компанија, но ја обожуваат! За разлика од почетоците, Pickbox NOW сега не е единствениот стриминг сервис на претплата во регионот, конкуренцијата е жестока, но ние опстојуваме и се трудиме да им го овозможиме на корисниците најдоброто искуство и содржини кои можеме,“ истакна Божиќ-Љубичиќ.
Што се очекува?
На вториот ден, NEM ќе биде домаќин на холивудските ѕвезди Алан Каминг, Габриел Јунион и Џесика Алба. Алан Каминг ќе ја претстави својата нова серија „Instinct“ на CBS Studios International, додека пак Габриел Јунион и Џесика Алба ќе зборуваат за новата серија „L.A.’s Finest“ на Sony Pictures Television. Останатите дискусии во панел-собата ќе бидат посветени на потрошувачите, на нивните потреби и желби во обликот на пробни периоди и спортските стриминг услуги.
Третиот ден на NEM ќе биде посветен на најновите трендови и нивното влијание на медискиот пазар. Експертите ќе ги споредуваат платформите на претплата со ТВ каналите и ќе се бидат да најдат решение за нивно спојување кое би ги дало најдобрите резултати. Освем тоа, учесниците на NEM ќе имааш можност да дознаат нешто повеќе за целокупното дигитално искуство од Applicaster.
Последниот ден на NEM ќе го насочи својот фокус на локалните продукции кои денес се повеќе од кога и да било претходно добредојдени на европскиот пазар. Експертите ќе објаснат зошто ја поттикнуваат соработката на тие продукции во насока на создавање квалитетни и оригинални содржини. Еден од последните настани на овогодишниот NEM ќе биде сессија на „прашања и одговори“ со Кристофер Питер Марчич, директор на Хрватскиот аудиовизуелен центар, кој ќе ги сподели своите видувања за улогата на Центарот и ќе ги претстави своите идни планови.
Целосниот распоред на случувањата на NEM може да се погледне на следниот линк.