ПР индустријата константно се менува, а интензитетот на промена во чекор со дигитлната револуција стана многу посилен, особено со подемот на социјалните мрежи. Поседување дигитални вештини и способност за разбирање и менаџирање на социјалните мрежи претставуваат императив за секој што се занимава со односи со јавноста.
Во продолжение, три интересни промени во ПР-от кои се резултат на влијанието на дигиталните медиуми:
- Сѐ уште е најважно да се раскаже приказната за брендот, но начинот и каналот се променети. Публиката од пред телевизор се пресели на Youtube и тоа е добра вест, затоа што каналот овозможува споделување на содржина на која гледачите имаат можност непосредно да реагираат. Фидбек добивате веднаш. Со анализа на прегледи, коментари, likes и dislikes, демографија на публика која сте ја заинтересирале и сл., добивате јасна слика дали вашата приказна стигнува до оние кои сакате да ја слушнат.
- Блогерите и влогерите се современа верзија на усната препорака. Усната препорака отсекогаш била многу значајна за перцепцијата на брендот. Денес не прашувате пријател, туку читате препораки на Google и ги слушате коментарите на блогерите и влогерите кои станаа клучни во процесот на застапување на брендот. Соработката со вистински блогери обезбедува ширење на позитивни пораки пред поголема публика. Инфлуенсерскиот маркетинг е хит и запознавањето на вистински вредните и влијателни креатори на мислење е дел од работата на ПР менаџерот. Овие луѓе дават личен печат на она што го препорачуваат, со што обичната реклама станува усна препорака од некој што го цените и почитувате.
- Преку Twitter, Facebook, LinkedIn и Instagram, само со прес соопштение објавено во весник, ТВ или радио со надеж дека ќе стигне до вистинската публика, брендовската комуникацијата станува тронасочна. ПР–от се обраќа на купувачите, кои пак ја имаат можноста да пофалат, критикуваат, коментираат, при што условите за таа комуникација се детерминирани од социјалната мрежа на која се одвива. Секако ваквата ситуација го изложува брендот на поголем ризик, и важно е сѐ добро да се промисли пред да се постира со цел да се задржат востановениот тон и порака. Современиот ПР експерт мора да биде свесен и подготвен за предизвиците, бенефитите, но и за можните замки што ги носи комуникацијата на брендот на социјалните мрежи, а тоа е нешто што се учи.
ПР менаџерите мора да се прилагодат на дигиталниот свет и новите медиуми. Од тие причини и едукацијата во областа на односите со јавност постојано еволуира во насока на адаптација на модулите кон реалните потреби на индустријата. Лондонската школа за односи со јавност со децении е авторитет во оваа област од едноставна причина што ги антиципира и ги имплементира промените во своите модули останувајќи секогаш врвна база за обука и надоградба на секој модерен ПР експерт. Early bird пријавувањето на lspr.mk завршува на 15 јуни. Детали за апликација, модули и предавачи на слениот линк.