На последниот ден од одржувањето, NEM се фокусираше на локалните продукции за кои европскиот пазар е отворен како никогаш досега. Поради тоа, експертите ја поттикнуваат продукциската соработка со цел создавање на квалитетни и оригинални содржини. Овогодишното издание на нем беше затворено од страна на Кристофер Петер Мачич, директор на Хрватскиот аудиовизуелен центар, кој ги изнесе своите видувања за улогата на Аудиовизуелниот центар и ги претстави идните планови. Ова беше најуспешниот NEM досега: собра повеќе од илјада гости од Централна и Источна Европа, а беше домаќин и на ѕвездите на продукциските куќи CBS Studios International и Sony Pictures Television – Алан Каминг, Џесика Алба и Габриел Јунион.
Светла иднина за локалните продукции
Зборувајќи за иднината на оригиналните локални продукции на европскиот пазар, Дамир Новиниќ, директор на продукција во HRT, истакна дека соработката помеѓу различните локални продукции никогаш не била поедноставна: „Ги имаме сите состојки за глобално влијание – јавни телевизиски куќи финансирани со јавни пари, врвни локални продуценти и стриминг платформи.“
Матијас Сетел, генерален директор на TV Markiza, тврди дека првиот чекор кон квалитетни содржини е да се открие форматот кој одговара: „Мораме да го најдеме вистинскиот формат за копродукција. Немаме досег и криична маса за висококвалитетна локална продукција. Ако луѓето не најдат програма која ги интересира на една платформа, ќе ја најдат на друга.“
Дражен Мавриќ од Nova TV го истакна потенцијалот на локалните продукции и додаде дека соработката е клучот во надминувањето на нивните најголеми проблеми: „Меѓународните копродукции се соочени со многу предизвици, како што се јазикот и другите специфичности на пазарите, но тие можат сé да надминат.“
На крајот, сите учесници во дискусијата се согласија дека пред локалните продукции се наоѓа светла иднина и дека пазарот ќе ги поздрави сите нови, локално продуцирани креативни производи.
Хрватскиот аудиовизуелен центар ја негува својата јавна улога
Улогата на Хрватскиот аудиовизуелен центар го надминува само промовирањето на културата, истакна неговиот директор Кристофер Петер Марчич. Бидејќи се потпира на државни средства, Центарот има и важна јавна улога. Во разговор со Небојша Тараба, како една од главните цели на Центарот, Марчич го наведе и обезбедувањето на висококвалитетна инфраструктура за локалните продукции.
„Потребни ни се проекти кои ќе нé држат заедно. Наша мисија е да ги надминеме штетните поделби во индустријата и општеството. Но, немаме доволно средства за финансирање на нашите мали продукции. Сепак настојуваме да ги обезбедиме со надеж дека иницијативите кои ги предлагаме ќе бидат применети и на сериите.
Мораме да изградиме инфраструктура. Потребно ни е квалитетно модерно студио што на меѓународните продукции ќе им обезбеди сé што им е потребно. Свесен сум дека локалните продукции немаат доволно средства за користење на локалните простори и објекти. Трошоците на нивното користење мора да останат реално. Јавните телевизиски куќи се многу важни за финансирањето на локалните продукции, но приватните куќе баш и не ги поддржуваат премногу. Сите кои имаат корист од аудиовизуелните производи треба да учествуваат во нивното создавање,“ заклучи Марчич.
Последниот ден на NEM 2019 на учесниците им понуди уште една можност за вмрежување на кафе-паузата под покровителство на верниот партнер Turkish Airlines.