Најавата на законот е реакција на правната несигурност кога е во прашање ширењето на содржина преку интернет платформите како Инстаграм
Германската влада планира да воведе закон со кој ќе се регулира пропагандната содржина на интернет, што особено се однесува на инфлуенсерите чии постови често се плаќаат како реклами без да бидат препознати како такви.
“Сметаме дека се подразбира само по себе дека постовите за кои некој платил да бидат означени како реклами”, изјави државниот секретар во германското министерство за правда Герд Билен за јавниот сервис ЗДФ.
Најавата на законот е реакција на правната несигурност кога станува збор за ширење на содржини преку платформи како Инстаграм.
На почетокот на годината, судот во Карлсруе и` наложи на инфлуенсерката Памела Рејф, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, да ги означи своите содржини на кои се наоѓаат линкови до онлајн продавници како реклами.
Во вториот случај, судот во Минхен заклучил дека е “општо познато” дека Кети Хамелс прави реклами за разни брендови и дека според тоа, не било потребно да ги означува постовите како реклами.
Новиот закон треба да го олесни дефинирањето кога некој пост на Инстаграм станува реклама и со тоа ќе се отстранат неизвесностите кои се појавуваат во овој сектор, рече Билен.
Инфлуенсерите имаат големо влијание врз публиката, особено помладите и затоа нивните канали се интересна платформа за комерцијалните компании, пред се во секторот мода и лајфстајл.
.