На 1 јули во понеделник, со почеток од 11:00 часот во Велес ќе се означи официјалниот старт на првиот инвестициски циклус на Х Фактор Акцелератор со т.н. “Opening Meetup” настан
X Фактор Акцелератор “Opening Meetup” е уникатен еднодневен настан на кој официјално ќе се означи стартувањето на првиот инвестициски циклус и ќе се започне серијалот панел дискусии насловени како: “Бизнис разговори за успешен стартап”.
Во првиот дел, воведно обраќање, меѓудругите ќе имаат и Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, д – р Кочо Анѓушев, како и Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, а панелисти на работната сесија ќе бидат Михаил Китановски од Д2ЕМ Консалтинг, како водечки консултант и д – р Игор Андреев, кој воедно е и дел од менаџерскиот тим на акцелераторот.
Со тоа всушност ќе стартува и серијалот од повеќе слични настани во пред – акцелераторската фаза, на кои сопствениците од првата генерација стартапи ќе имаат уникатна можност, со експертска поддршка да ги унапредат своите бизнис модели и да ги зајакнат вештините за градење тимови, маркетинг, продажба, финансии, проектен менаџмент, управување со ризици и сл..
Настанот ќе биде одлична можност и за меѓусебно запознавање и вмрежување, како и споделување know – how и искуства помеѓу претприемачките тимови кои се во понапредна (Product/Market fit) фаза, со оние кои се во порана (Problem/Solution fit) развојна фаза, на кои сеуште, клучниот предизвик им е креирањето на првичните верзии на производот/услугата.
КРАТКО ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ
X Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси.
Целта е да се поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град. За таа цел, во период од 30 месеци се предвидува имплементација на акцелераторската програма „Заедно растеме“, со која ќе се обезбеди нѐ само едукативна, туку и финансиска поддршка за развој на почетни иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст. При тоа, во овој период се предвидени два инвестициски циклуси, во кои се очекува, со почетни инвестиции од максимум 30.000 евра да се финансираат најмалку 10 атрактивни стартапи, а неколку од нив кои се со најголем потенцијал за раст, ќе се финансираат со дополнителни средства од максимум 70.000 евра и во фазата на понатамошни инвестиции.
Проектот за негово стартување е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори.
Седиштето на акцелераторот е во строгиот центар на општина Велес, на ул. Борис Карпузов број 1, во деловни простории специјално опремени и дизјнирани за потребите на неговите корисници.
Подетални инфо за целиот проект, може да се пронајдат на официјалната веб – страна на X Фактор Акцелератор, www.xfacc.mk.