Компанијата Кока Кола е добитник на златен и бронзен лав во Кан за уникатната маркетинг кампања наречена „Try not to hear this“ („Обидете се да не го слушнете ова“).
Идејата за оваа кампања, која се најде во списанија, весници и билборди низ цела Европа, е дека и самата слика на чаша газирана Coca-Cola со меурчиња може да ја предизвика чувствителноста на потрошувачите – само што ќе ги погледнат рекламите, тие истовремено и ќе ги „слушнат“.
Кампањата вклучува неколку варијанти на фотографии одблиску – на чаша полна со Coca-Cola, моментот на отворање на стаклено шише и лименка со пијалокот.
На овој начин луѓето инстинктивно го слушаат и да доживуваат чувството кое е предизвикано од препознатливата иконографија на Кока Кола и специфичните ритуали на нејзиното пиење. Овој ефект се нарекува синестезија и претставува спонтана реакција на два различни стимули во нашата глава што создава нешто сосема трето – уникатен впечаток.
Златниот лав за Принт и Бронзениот лав за OOH (out of door) деловите на кампањата, потврдија дека Кока Кола успеа да го “визуелизира“ тоа чувство кое луѓето го имаат додека ја пијат. Кампањата е реализирана во соработка со маркетинг агенцијата David од Мајами, а беше спроведена низ цела Европа.