Тесла троши нула долари за рекламирање, се наведува во последниот извештај на компанијата BrandTotal. Од друга страна, конкурентите како Тојота, БМВ; Порше и Форд трошат многу на големите социјални платформи: Фејсбук, Јутјуб, Инстаграм и Твитер.
Тојота, на пример, троши 62% од својот дигитален буџет на Фејсбук. Од друга страна, Порше издвојува само 14% од својот буџет за оваа социјална мрежа, претпочитајќи наместо тоа да користи 47% од својот дигитален буџет на YouTube рекламирање.
Резултатите покажуваат дека Фејсбук добива најголем дел од колачот кога станува збор за буџетите на автомобилските брендови. Сепак, YouTube зазема од една третина до скоро половина од буџетите на брендовите како Хонда, Форд, Кадилак, Порше и повеќе од половина на Ауди, дури 54%.
Инстаграм исто така бележи значаен удел, а Инфинити, Порше и БМВ трошат 30-40% од нивните дигитални буџети на оваа социјална мрежа.
Кадилак и БМВ се единствените производители на автомобили кои потрошиле значителен дел од нивниот буџет на Твитер. Само во случај на БМВ овој процент е двоцифрен и изнесува 20%.
Во извештајот BrandTotal се наведува дека се земени во предвид сите платени кампањи и органскииот дофат за автомобилските брендови Тојота, БМВ, Форд, Ауди, Хонда, Нисан, Инфинити, Тесла, Лексус, Кадилак и Порше во Америка, за период од 30 дена.
извор: marketingmreza.rs