На 21 конференција за медиски трендови SEMPL, која ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Порторож, учесниците, меѓу другото, ќе дознаат зошто основата на иновациите не се идеите, туку важните, значајни проблеми.
“Еден од начините за пронаоѓање добар проблем е да побарате нешто што луѓето се обидуваат да го заобиколат во секојдневниот живот. Ако препознаете таков проблем, идеите ќе дојдат”, вели успешниот претприемач, извршен директор и еден од најважните експерти во областа на иновациите Грег Сател.
Говорникот и консултант Грег Сател од сите свои успеси, најмногу e горд на својата работа во магазинот Кореспондент во Украина, која како најважна независна новинарска организација одигра важна улога во Портокаловата револуција и позитивната трансформација на земјата. По примерот на социјалната, општествена и политичка трансформација повлекува паралели во трансформацијата на бизнисот, управување со вработените и потрошувачите и ги пополнува празнините во литературата за управување со промените на начин кој до сега не е забележан.
“Важно е да сте спремни на отпор кога воведувате промени. Значи, потребен ви е план за поддршка на промените што сакате да ги внесете, но исто така и против отпор”, вели Сател.
Автор е на книгите Mapping innovation и Cascades: How to Create a Movement that Drives Transformational Change, каде што во првата книга за иновациите зборува не само како еднократен настан, туку како процес на откривање, инженеринг и трансформација.
“Ме импресионираше како во време на револуција на илјадници различни луѓе, кои во некои нормални околности би правеле илјадници различни работи, одеднаш го прават истото. Се разбира, веднаш ме интересираше како тоа би можел да го пренесам во работењето. Како потрошувачите кои сакаат да купат толку многу различни работи, би можеле да се насочат на купувањето на она што би сакале да им го продадеме”, вели Сател за првичните идеи за неговата најнова книга.
Меѓу другото, Сател е автор на успешен блог поради кој светски познатиот портал Innovation Excellence го стави во второто место на Топ 40 блогери за иновации, а IDG како еден од 10 дигитални трансформатори кои вредат да се следат.
“Се надевам дека ова значи дека мојата работа им помага на луѓето. Ова е навистина она кон кое се стремам, да бидам корисен”, скромно коментира еден од главните говорници на овогодинешната конференција.
Повеќе информации за конференцијата SEMPL пронајдете на сајтот http://www.sempl.si/en/