Светликавите BalCannes-ски лавови кои се доделуваат по осми пат во Ровињ во рамките на Викенд Медиа Фестивал од 19 до 22 септември, ќе привлечат огромно внимание на струката.
BalCannes, во соработка со Хрватското здружение за деловно комуницирање (HURA), осма година по ред ќе ги вреднува најдобрите агенциски проекти од шест земји од регионот, така што во Ровињ големо внимание повторно ќе привлечат светликавите BalCannes-ски лавови. Ревијата BalCannes е позната по својот уникатен концепт во кој 25 најдобри проекти во годината ги избираат агенции, медиуми и огласувачи, но и по желбата на организаторите да работат за доброто на професијата.
Во своите осум години, BalCannes стана синоним за …
- Учење за креативност од различни перспективи
Жирито во кое седат огласувачи, агенции и медиуми е едноставно непроценливо. Споредбата на најдобрите практики во регионот, учесниците, но и публиката, се незаборавна можност за нови согледувања, нови перспективи и понатамошен развој.
- Лавовски платформи за поврзување на агенциите со клиентите од регионот
Освен на Yellow pages страниците на BalCannes, 25-те извонредни проекти од сцената во Ровињ ќе бидат евидентирани и трајно забележани во книгата Креативно портфолио, што им овозможува на клиентите да одберат агенција со врвни препораки од меѓународните експерти.
- Место кое ги поврзува луѓето
Еднаш годишно во Ровињ, клиентите и експертите за комуникација од целиот регион се обединети во две цели – желба за учење и разменување искуства и потрага по нови деловни партнери.
- Спој на традиција, иновативни практики и креативност која ги разбива границите
Освен што успешно ги поврзува агенциите и клиентите од осум земји на регионот, во текот на повеќегодишното постоење, BalCannes инспирираше стотици учесници и посетители, па така претставува движечка емоција на оваа индустрија на универзален јазик.
- Дискусии за теми релевантни за професијата
Панелите на BalCannes се занимаваат со теми кои се актуелни и искучително важни за сите членови на комуникациската индутрија. Разговараме, споделуваме знаење, ги испитуваме постојните практики и ја подобруваме нашата професија.
- Bидливост за професијата
Би било штета добрите, квалитетни и инспиративни проекти да не бидат препознати поради недостаток на национални, но и меѓународни натпреварувања и можности за размена на знаења. На лавовите не им е тешко да се прошетаат по целиот наш регион за го изберат најдоброто од професијата за свој дом.
- Храброст и решителност
Не постои друг начин за добивање на титулата крал на комуникациската џунгла. Да се стои пред целиот регион, зборувајќи за своите идеи и да се презентира тоа на широката публика не може било кој. Дали сте Вие еден од лавовите?